Вирално

Кога можат грозните сандали што сите ги носевме во поранешна Југославија да бидат хит, зошто да НЕ можат и гумењарките?

Advertisement

Каде плови оваа наша луда планета

Advertisement

Пластични сандали какви што носевме во 80-тите и 90-тите години од минатиот век кога одевме на море со родителите се враќаат на голема врата и во гламурозен стил. Имено, пластичните сандали добија своја „high end“ верзија со потписот на познатата италијанска модна куќа „Gucci“ така што моделот за кој веруваме дека на многумина им е омразен ова лето ќе биде вистински хит. Познатиот италијански бренд ги претстави како главен тренд за оваа година и верувале или не – се продаваат по цена од 460 до 545 долари во зависност од бојата и потенцијалните детали на нив.

Новите сандали од „Gucci“ несомнено многу потсетуваат на нам добро познатиот модел што во поранешна Југославија го произведуваше Југопластика, а единствената разлика е што овие се украсени со препознатливото лого на брендот како и кичеста глава на тигар на десната сандала.

Advertisement

На социјалните мрежи можевме да видиме дека многумина се сеќаваат на старите модели, па се пошегуваа со овој поприлично дискутабилен тренд, а некои дури и коментираа дека кога може Гучи да ги продава сандалите кои беа хит на Јадранското море пред 30 години, тогаш зоштод а не се обидеме и ние да ги продаваме легендарните гумени влечки од Чик Куманово.

Овие нашите барем беа со доживотна гаранција!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button