Ким изгледа брутално во овој жолт фустан – погледнете подобро, под него се крие една од НАЈЧУВАНИТЕ тајни во Холивуд
Ким НИКОГАШ не изгледала подобро
Познатата старлета на претставување на новиот број на магазинот „Business Of Fashion” се појави во винтиџ тоалета од Версаче со која го украде шоуто. Во прашање е модел со корсет во горниот дел и гооолем прорез во долниот кој ги истакна нејзините голи нозе и деколте во преден план.
Ким под фустанот носеше и стегач, односно во светот на модата познат како „Spanx“ кој нејзините бујни облини ги држеше на место, но и помогна нејзиното тело како никогаш досега да потсетува на песочен часовник.
Ваквите стегачи можат да намалат и до 5 килограми, а бидејќи го обликува женското тело и го подига задникот го обожаваат и далеку послабите дами од Ким. Тука пред се би ги споменале Сара Џесика Паркер и Кејт Винслет, за кои сигурни никогаш не сте претпоставувале дека го користат овој трик, така што можеме слободно да кажеме дека овие стегачи важат за една од најчуваните тајни меѓу холивудските дами.