Амал Клуни беше во центарот на вниманието на Мет гала забавата иако според модните критичари не одговори на предизвикот на темата на вечерта.
Имено, под водство на модната Библија Вог, Ана Винтур, оваа година во улога на домаќинки заблескаа Ријана, Донатела Версаче и Амал Клуни, а тема на вечерта беше „Божествени тела: модата и католичката имагинација“.
Креацијата на Амал и покрај тоа што не се вклопи во оваа тема инспирирана од католичката црква, сепак најмногу ги привлекуваше погледите, а Џорџ Клуни, кој деновиве го прослави 57 роденден дури и се пошегува на нејзина сметка велејќи дека под фустанот кој е направен од неколку метри ткаенина ги крие и близнаците.
Креацијата која од задниот дел изгледа како раскошен фустан, додека од напред ја гледаме во поп издание, е со потписот на дизајнерот Ричард Квин. Госпоѓа Клуни со овој театрален избор можеби беше единствена што направи смел исчекор на настанот, но според многу критичари таа дефинитивно ја промаши темата. Од друга страна пак, самата двојна природа на фустанот, совршено ја претставува темата која се однесува на модата, уметноста и религија и можеби токму во таа насока треба и да се бара неговата идеја.
Како и да е познатиот пар најмногу ги привлекуваше погледите на црвениот килим, а госпоѓа Клуни дефинитивно беше една од најдобро облечените дами на настанот.
.
Што мислите вие?