Реклама
Интервју

„За добра шминка НЕ ви требаат скапи производи, туку визија“

Реклама

Интервју со мејкап артистката Сим Салтирова

Оваа симпатична дама е позната мејкап артистка од Скопје на која шминките и се омилени играчки од најрано детство, но вели дека се уште непрестајно учи и ги развива своите амбиции и техники. Таа е дипломиран правник, но спонтано ќе ја пренасочи својата енергија кон нешто што е покреативно и што ја инспирира од млади нозе. Полека и сосем случајно (ако воопшто нешто во животот се случува случајно!) ќе почне да навлегува во светот на модата и шминките и набргу ќе почне да ја спојува својата професионалност со страста што може да се види и од секое насмеано лице што ќе го нашминка. Таа е скромна девојка, не сака многу да се експонира, оставајќи за неа да зборуваат нејзините бјути изданија што ги има креирано за бројни модни едиторијали, но и најубавите моменти во животот на многу девојки. Овој пат таа е во улога на модел, пред објективите на Ерина Богоева, а на фотографирањето пристигна насмеана и весела, со децентна шминка и облечена во мошне интересни комбинации ни ја раскажа нејзината приказна, но и сподели неколку генијални трикови со нас.

Маркетинг

Кажи ни како започна твојата приказна со шминките?

Љубопитност. Најраниот почеток на кој можам да се сетам е кога долго се шминкав себеси и се анализирав во чекорите, се трудев да се подобрам. Секогаш купував различни производи, за да потоа во еден момент најблиските почнат да ми се обраќаат за шминката и тогаш го имав оној а-ха момент, кога си помислив дека кога веќе ме забележуваат со ова може и да се занимавам чисто хонорарно. Мојата приказна почна сосема спонтано, кога една девојка ми се обрати и ме праша дали можам да ја нашминкам, па со многу страв прифатив. Од тој момент се охрабрив, се вљубив,  го претворив од работа на страна во професија.

Сега често можеме да видиме твоја шминка во спизанието Unique. Колку е поразлична шминката за списание (фотографирање) од онаа за настани?

„Еditorial makeup“ како би го нарекле е ултимејт простор за игра ако ме прашувате мене. Модата е секогаш непредвидлива, и кога доаѓа во прашање секогаш гледам да ги предизвикам и погубвам очекувањата. Во оваа професија никогаш нема недостаток на дива, бескрајна инспирација.

Маркетинг

Шминката за настани е веќе многу посвојствена во однос на мојот signature style и клинетот, многу поинтимен однос и компромисен би рекла. Но и двата краја на овој спектaр, имаат подеднаков electric ефект на мојата креативност.

Што е најважно за негата за лице? Што треба секоја девојка да прави за да си ја одржува кожата на лицето свежа и здрава?

Редовна нега, а таа нега да е приспособена на потребите и типот на лицето. И секако здрав начин на живот.

Во кои козметички производи сметаш дека треба да се инвестира повеќе?

Секојдневните неопходни мејкап производи. Течен коректор најмногу од се, па и добра маскара, секојдневен кармин во крем текстура кој може да се стави и на јаболчници за свеж, блескав изглед треба да се приоритет.

Која е твојата тајна за шминката да остане во текот на цела вечер? 

Едноставно немам некоја формула по која се водам, се потпирам на виско квалитетни мејкап производи со долготрајни перформанси, и техника на слоевито нанесување. Финишинг спреј е исто така добра идеја секогаш.

Кој производ според тебе е клучен за да се направи добра шминка?

Не би рекла производ, би рекла визија. Добрата шминка за мене примарно почнува од личниот стил на мејкап артистот, визијата која ја има во себе за секој клиент посебно, и трендовите кои ги следи, сето тоа да го преточи во комплетен look. Мејкап производот,било кој и да е, е само алатка да те донесе до таму.

Дали нашите девојки и жени имаат навика често да ги бараат вашите професионални услуги или професионалната шминка кај повеќето Македонки е резервирана само за денот на свадбата?

За ова само ќе ја поздравам најпрво младата популација која се повеќе дава важност за тоа дека исто како и облеката, за било која прилика, од најневажна до најважна, местото за квалитетен мејкап добива се повеќе на значење.

Црвениот кармин е безвремен стилски печат. Дали мислиш дека може да стои на секоја жена?

О секако, но со вистинскиот подтон, прецизно нанесен, и без да се заборави самодовербата, клучна за така добро да стои.

Кој е твојот омилен кармин?

Често ми се менуваат, но во моментов ајде ќе се одлучам за карминот „MAC retro matte FEELS SO GRAND“.

Кои се твоите планови за во блиска иднина? 

Секогаш размислувам за тоа што е следно-како да се одвојам од нормата и да креирам нешто вистински сензационално. Светот се менува секојдневно, секоја нова шанса нуди евокативна инспирација, и ми е важно како ќе ја примам и преточам. Заминувам во Тирана месецов на едно едукативно професионално освежување, освен  тековната работа со клиенти, фотосесии и снимања, планирам во слободно време да се фокусирам на кретивни моменти, па на ред доаѓа и подготовките за  конечно нешто свое.

Фото: Ерина Богоева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button