Познатата пејачка во своето последно издание успеа да ја рекреира омилената комбинација на првата дама на Франција, Брижит Макрон.
Имено, првата дама на Франција не крие сојата љубов кон скапите дизајнерски парчиња со потписот на луксузните париски модни куќи.
Таа е голема љубителка на Луј Витон, а во нејзините плакари се наоѓаат и парчиња од Диор и Сен Лорен, како и од Оливер Рустинг, креативниот директор на Балман. Таа поседува неколку модели од популарното сако од Балман кое најчесто го носи во комбинација со елегантни високи потпетици, тесни панталони или фармерки, а на ваквите шик деловни изданија не им одолеа ни Џенифер Лопез.
Џенифер за прошетка низ Њујорк избра бела ролка од Волфорд, скапоцена чанта од Хермес, високи потпетици со ПВЦ детали од Џанвито Роси, а целото издание го зачини со омиленото сако на Брижит Макрон.