Александра и Филип потрошија пет илјади евра за златните бурми направени специјално за нив.
Прстените што ќе ги стават еден на друг на 21 јуни се направени според вкусот на пејачката, со вистински брилијанти. Александра и Филип чекаа повеќе од два месеци да бидат изработени и да ги земат од познатата златара, а сега конечно се готови. Припремите за гламурозната свадбена веселба веќе се при крај, а во целата церемонија е вклучено целото семејство Живојиновиќ. Лепа Брена заедно со Александра и нејзината мајка Борка ги завршуваат деталите во врска со декорацијата на свечената сала, додека Филип и Бобан најмногу се грижат околу менијата и гостите.
Што се однесува до гласините што се појавија деновиве во медиумите дека Пријовиќ размислува да ја откаже свадбата бидејќи нејзиниот дедо, со кого е многу поврзана, е тешко болен, истите беа демантирани од страна на пејачката. Таа најверојатно ги послушала советите на Брена и затоа не ја откажала свадбата, па за медиумите изјави дека се тече според планот и дека со нетрпение го чека тој ден.