Венчаница во која се вљуби целиот свет
Познатата дизајнерска двојка „Ralph & Russo“ на најпознатата светска невеста ќе го направи едниот од двата фустани што ќе ги носи на својата венчавка на 19 мај. Фустанот ќе биде рачно изработен, а Меган ќе го носи кога нејзиниот татко ќе ја спроведе до олтарот пред 600 гости и стотици милиони луѓе кои ќе го следат настанот пред малите екрани. Венчаницата ќе чини преку 130 илјади американски долари и целосно ќе ја плати принцот Хари и неговото семејство.
„Можеби звучи претерано, но ова е настан на годината и стотина часови вложени во изработка на фустанот“, вели извор за британските медиуми.
Инаку, поранешната актерка и ѕвезда на серијата „Suits“ и на првите официјални фотографии откако се сврши со принцот Хари носеше фустан од познатиот бренд.
Тоа ремек-дело на светски познатиот британски моден бренд „Ralph & Russo“ што Меган го носеше тогаш чинеше околу осумдесет илјади долари.