Реклама
Шминка

Зошто новиот видео туторијал на Ријана предизвика милиони прегледи за неполни 24 часа?

Реклама

Ријана е новото лице на Вог за мај 2018

По повод соработката со престижниот магазин Ријана во видео од десетина минути ги откри своите бјути тајни поради кои нејзината шминка секогаш изгледа беспрекорно. Ваквите кратки видеа не се новост за модната библија, бидејќи пред нивните камери веќе се имаат најдено бројни познати манекенки, актерки и пејачки.

Маркетинг

 

Маркетинг

Ријана одлично се снајде во новата улога, а пред камерите ги претстави своите „Fenty Beauty“ производи. Таа во шега спомна дека прв пат научила да го контурира лицето дури откако се здебелила бидејќи тогаш контурите и биле потребни. Исто така ни откри бјути трик кој сигурно ќе го пробаме – станува збор за загревање на коректорот во рацете пред да го нанесете на лицето. На тој начин подобро ги сокрива подочниците и се впива подобро во кожата. Видеото за помалку од 24 часа беше прегледано повеќе од три милиони пати.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button