Ги шокираше сите со својот изглед како вонземјанин – познатата манекенка претера со операциите?
Поради една нејзина фотографија обожавателите ја молат да престане додека е време со пластичните операции
Една од најубавите и најприродните девојки во кланот Кардашијан-Џенер со нејзините последни фотографии што се појавија на Инстаграм ги вознемири своите обожаватели. Имено таа на нив изгледа многу поразлично од порано, а некои коментираа и дека им личи на вонземјанин.
https://www.instagram.com/p/BhFHGmaFia2/?utm_source=ig_embed
Таа на фотографијата делува различно, нејзините усни се пополни, а лицето изгледа пластично, додека очите изгледаат нереално големи. Нејзините обожаватели се шокирани и се прашуваат дали станува збор за фотошоп, некои добри филтри или за хируршка интервенција. Претпоставуваме дека станува збор за филтер кој го мазни лицето и ги зголемува очите, какви постојат многу на социјалните мрежи, но сепак, кога се работи за сестрите Кардашијан се е можно. Едноставно, не би се зачудиле ако и Кендал одлучи да направи естетски зафат, ако тоа и порано го нема направено.
Имено, неодамна познатата манекенка беше критикувана поради акните на лицето кои и се познаваа на доделувањето на Златниот глобус, а со кои се бори неуспешно од своите тинејџерски денови.
Покрај ова нејзините обожаватели и не ретко ја критикуваат дека направила корекција на устата, иако таа тоа го негира.
Тие дури и објавија неколку фотографии на кои се гледа голема разлика од нејзините тинејџерски денови.
Па, што мислите, дали Кендал барем еднаш во животот го посетила пластичниот хирург или не?