Нашата позната водителка имаше убави гради, но реши да ги зголеми – ова се нејзините причини!
Познатата македонска водителка си ја исполни желбата да има малку поголемо деколте и без да се двоуми направи пластична операција за зголемување на градите.
Многу жени сонуваат да имаат деколте како на познатите холивудски диви, но поради страв од болка, компликации и евентуални здравствени проблеми поголемиот број од нив не се осмелува направи естетската интервенција. Таква желба одамна имаше и нашата позната водителка и поранешна Плејбој зајачица Миа Костова која поради преголемата желба за промена ги преброди стравовите и одлучи да направи корекција. Таа иако и претходно имаше солидна големина и убав облик на градите, сепак се одлучи за операција, а на социјалните мрежи објасни зошто го направи тоа.
„Дека секогаш може подобро, ете затоа решив дека е вистинско време и за ова. Со Систина ме врзуваат само убави работи и сакам секогаш да остане така. Еднаш ми го дадоа Андрија, денес ќе си ги памтам по самодоверба во форма на гради. Инаку, не може подобро ако веќе се одлучите за пластичен хирург. Наша среќа е што го имаме тука @dr.amadej и неговите магични раце благодарение на #fabjanmacedonia,една најпрекрасна докторка што не ја давам за жива глава @josifovska_m и дел од екипата што не смее да се заборави, моја @beti.sikret ❤️
Фала ви што се грижевте за мене цел ден, 8 часа по операција сум сосем добро. ❤️ Стомачни ви ветив и исполнив. Еве ветувам и гради многу скоро во маица без прслук, сон на секоја жена, напиша Миа на Фејсбук и Инстаграм.