Покрај својата убавина, новата љубов на Бред Пит ќе ве освои и со својот беспрекорен стил
Нери Оксман е новата љубов на познатиот актер
Според медиумите Бред Пит и 42 годишната архитектка се запознале на факултетот „Massachusetts Institute of Technology“, каде згодната бринета работи како професорка. Тие од тогаш постојано се заедно, а Нери покрај нејзината природна убавина, ја освои јавноста и со својот беспрекорен стил.
Имено таа како и Анџелина Џоли често избира црна боја во своите модни изданија, а деновиве дежурните фотографи убавата Израелка ја забележаа во кампусот Кембиџ како покрај научната литература што ја носеше во рацете, ги плени погледите и со нејзиниот авангарден стил.
Имено таа носеше прозрачен црн балонер со впечатлив ремен околу половината кој откриваше плисирани темно сини панталони-килоти, а целото издание новата љубовница на Бред го заокружи со чевли со отворени петици и црни, предимензионирани очила за сонце.
Инаку, Нери и Бред Пит постојано се во контакт, а Бред како што велат неговите пријатели, е вљубен во неа. Нему конечно му се врати насмевката на лицето откако се разведе од Анџелина, а со архитектката се гледа уште од минатата година и времето најмногу го минуваат во нејзиниот стан.
Според магазинот „US Weekly“ кои разговарале со извор кој е близок до Бред, тој опишува дека хемијата меѓу нив е неверојатно голема.