Реклама
Холивуд

Викторија Бекам во потполно бело издание кое го „подигна“ со најпопуларната боја за оваа пролет

Реклама

Познатата британска дизајнерка ни одржа лекција како да носиме бело од глава до пети

Викторија Бекам оваа пролет повторно скокна во својата омилена комбинација со кошула и здолниште со средна должина, но овој пат во боја во која навистина ја гледаме ретко. Имено Викторија заедно со својата пријателка Ева Лонгорија која вчера доби ѕвезда на холивудската патека на славните се појави во потполно светло бело издание. Таа нејзиното бело издание го разби со шпиц салонки од нејзината пролетна колекција и чанта во нијанса која е хит оваа сезона и ни покажа дека овие две бои се совршен пар.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/Bhpn0cIFeaK/?utm_source=ig_embed

 

Маркетинг

Од друга страна, нејзината бремена пријателка, која беше и ѕвезда на настанот, на преставување на својата ѕвезда се појави во црно и тоа краток фустан од тантела зачинет со карнери со кои го покри нејзиниот стомак.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button