Меланија НИКОГАШ не изгледала подобро – фустан што секоја девојка би сакала да го има во плакарите
Меланија повторно во центарот на вниманието
Јапонскиот премиер Шинзо Абе и неговата сопруга Акие беа на посета во Белата куќа, а во центарот на вниманието повторно е атрактивната сопруга на Доналд Трамп. Убавата Словенка и поранешна манекенка овој пат ги изненади сите поигрувајќи си со модните трендови, односно со неверојатно модерна комбинација на црни и бели риги.
Женствениот фустан го нагласи убавото, витко тело на Меланија, а за прекрасната креација виновна е Каролина Херера, дизајнерка со венецуелски корени и една од омилените на првата дама на Америка.
Цената на овој интересен фустан со А-крој инспириран од ретро стиловите е околу 3000 долари, а Меланија го носеше во беспрекорно издание на кое дефинитивно не можеме да му најдеме ниту една маана.