Холивуд

Поим за добар стил и елеганција: Шведската принцеза ни покажа како да носиме црно од глава до пети

Advertisement

Шведската принцеза Софија, поранешен модел и мајка на две деца, покрај својата убавина не воодушевува и со прекрасниот моден стил.

Advertisement

Убавата 33 годишна дама беше една од најелегантните гостинки на свечениот настан „UN Development Program“ (UNDP) кој деновиве се одржа во Стокхолм. Софија за оваа пригода избра опција со која никогаш не можете да погрешите – принцезата носеше црно од глава до пети кое го „разби“ со мала, шарена чанта и високи потпетици во впечатлива, тиркизна боја, притоа покажувајќи ни одлично издание со кое заслужи само пофални зборови.

Имено, сопругата на принцот Карл Филип одлучи да носи креација од домашна дизајнерка Ида Соштед составена од преубаво макси здолниште со висок струк и лежерен А крој од богато изработена црна ткаенина кое го носеше со тесен црн топ, со кроевите создавајќи интересен контраст.

Advertisement

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button