Ова го можат само малку жени – и закопчана од глава до пети, изгледа опасно секси!
Познатата Оскаровка се појави во прекрасно издание на 53 доделување на кантри наградите како поддршка на нејзиниот сопруг, музичарот Кит Урбан кој беше номиниран во неколку категории, а на крајот награден за песната „The Fighter“ со Кери Андервуд. Никол за оваа пригода носеше гламурозен фустан направен од златна ткаенина во кој изгледаше феноменално. Креацијата е со потписот на „Michaela Kors “и е совршен погодок за познатата актерка која и на свои 50 години може да се пофали со одлично тело.
Посебно внимание привлекува со голиот грб и ретро дизајнираните ракави, па така и покрај тоа што беше закопчана до грло, убавата Никол ги привлекуваше погледите во ова секси издание инспирирано од 70-тите.
Фантастичниот стајлинг го зачини со шик пунџа, убава шминка и ефектни дијамантски прстени.