Познатата русокоса ја отвори сезоната на бикини и спрема моминска забава за паметење
По романтичниот Париз каде со поранешниот сопруг ги однесе своите дева, мама Гвинет Палтроу замина на една егзотична дестинација во друштво на своите најдобри пријателки.
Имено, Гвинет заедно со дизајнерката Стела Мекартни и уште девет пријателки деновиве се забележани во Кабу, Мексико облечени во идентични бели сандали, бела туника и сламени шешири кои им беа униформа за моминската забава.
Познатата американска актерка при крај на минатата година објави дека по трет пат се сврши и тоа само година дена по разводот со пејачот Крис Мартин.
Таа уште од 2014 е во среќна врска со режисерот и продуцентот Бред Фалчук кој е еден од сценаристите на серијата „Американска хорор приказна“, а и двајцата се многу среќни за нивната венчавка.
https://www.instagram.com/p/Bhhh0nEneKy/?utm_source=ig_embed
Таа веќе ја бара совршената венчаница и повеќе пати нагласи дека е возбудена за се што и се случува.
„Имам 45, а се чувствувам како 21 годишна девојка“ изјави и додаде дека ужива да зборува за подготовките за венчавката со своите пријателки.
Од фотографиите можеме да забележиме дека актерката се уште изгледа одлично и на нејзиното тело можат да и позавидат и дупло помлади колешки. Таа ја отвори сезоната на бикините и на Инстаграм се пофали со фотографија на која носи син костим за капење кој одлично и стои.