Наташа Беквалац брутално претепана од својот сопруг и тоа пред нивната двомесечна ќеркичка
Познатата српска пејачката Наташа Беквалац брутално претепана од сопругот Лука Лазукиќ
Наташа Беквалац и Лука Лазукиќ се свршија во септември минатата година на интимна церемонија на Ибица. Само неколку пријатели и блиски роднини присуствуваа на нивната венчавка. Оваа година на 28 февруари пак, значи пред неполни два месеци Наташа ја роди ќеркичката Катја.
Нападот се случи во раните утрински часови, во нивниот стан на Дедиње, а пејачката попладнето повторно беше во болница на дополнителни прегледи. Таа за целото време не ги тргаше црните очила од нејзиното лице сакајќи да ги сокрие гребаниците и модриците кои и ги нанел нејзиниот сопруг кој во меѓувреме е приведен од страна на полицијата.
Под големите темни очила за сонце се познаваа нејзините гребаници и модрици, а во лицето била бледа и и делувала изгубено, повраќала и имала потрес на мозокот. Како што пренесе српски Блиц, од извор кој бил во близина на клупата на која што Наташа седела со нејзината сестра пред болницата, дознале дека со солзи на очите ги кажала следниве зборови: „Тој е пијана будала. Ме стискаше силно, ме шамараше и удираше и со нозете и рацете“.