Реклама
Наши ѕвезди

Каролина Гочева во секси издание позајмено од Ким Кардашијан и Емили Ратајковски

Реклама

Погледнете го ова секси издание на Каролина

На прв поглед таа изгледа одлично, во тренди сако и малку необични панталони кои завршуваат со тантела. Но кога ќе погледнете подобро ќе забележите дека нашата позната пејачка не носи градник под сакото, а ваквото голо деколте е еден од омилените трендови на бројни познати дами, а меѓу нив како најпознати (и најпровокативни) ќе ги истакнеме Ким Кардашијан и Емили Ратајковски.

Маркетинг

Имено веќе и врапчињата на гранките знаат дека најпознатата старлета на светот со години го „фура“ овој тренд поради кој носи сако без градник.

Маркетинг

Во слично издание неодамна можевме да ја видиме и Емили Ратајовски која своето сако врзано со ремен (под кое исто така немаше градник) го носеше со тесни црни фармерки и необични бели чизми.

За разлика од нив Каролина го носи овој тренд на еден малку посуптилен начин. Имено, таа необичните панталони и „оверсајз“ сакото со дворедно закопчување и со подвиткани ракави ги комбинираше со бели патики што исто така заслужува само пофални зборови.

https://www.instagram.com/p/BhZWCsdBcWM/?taken-by=karolinagocheva

Па, што велите за ова издание на Каролина?

Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева, @lilika_phototemple

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button