Нема да ви се верува колку чини венчаницата во која што Александра Пријовиќ сака да го каже своето судбоносно „ДА“
Познатата пејачка со денови го бара својот фустан од соништата
Александра Пријовиќ ја ангажираше познатата стилистка Ана Антиќ, ќерката на познатиот фудбалски селектор Радомир Антиќ која ги облекува и советува големите светски имиња како Адријана Лима и актерката Сиена Милер, за да и помогне при изборот на венчаница. Како што пренесуваат српските медиуми таа е воодушевена од фустанот што го носеше Миранда Кер, познатиот ангел на Викторија, кој е со потписот на Диор. Александра, пренесуваат медиумите од соседството, бара модерен, ефективен фустан, но сепак што ќе биде во рамките на традиционалните кроеви, а токму таков фустан носеше и Грејс Кели што беше дополнителна мотивација на Александра и за себе да избере фустан од овој бренд.
Од друга страна и нејзината свекрва, Лепа Брена, на венчавката носеше креација од Кристијан Диор, па кога ќе се соберат коцките, голема е веројатноста и Александра да избере фустан од овој бренд.
На тоа укажува и тоа што Пријовиќ заедно со Антиќ пред неколку дена го посетија бутикот на Диор во Мадрид каде идната невеста позираше во краток фустан од лимитирана колекција кој чини околу 1500 евра, додека сандалите од истиот бренд што ги носеше – околу 800 евра.
https://www.instagram.com/p/BWoUWhmF8Cq/?utm_source=ig_embed
Очигледно дека Пријовиќ не штеди кога е во прашање облеката, но доколку одлучи да избере и невестински фустан од овој популарен бренд, тогаш ќе мора да „искешира“ од 20.000 до 100.000 евра.