Елена Велевска ги воодушеви обожавателите со уште едно секси издание, а дамите НЕ можеа да го тргнат погледот од овој детаљ
Ново шик издание на познатата пејачка
Познатата македонска пејачка во последно време се почесто не воодушевува и со нејзиниот изглед па сигурни сме дека многумина ќе се согласат со нас дека Елена долго време не изгледала олку добро. Таа внимава на исхраната и макотрпно вежба во теретана, па сега може да се пофали со своето совршено тело и покрај тоа што е мајка на три деца, поради што заслужува само пофални зборови.
Таа сега изгледа сензационално и постојано можеме да ја видите во одлични изданија. Нејзината витка линија и дава самодоверба, па модните комбинации што ги носи понекогаш знаат да бидат и мошне провокативни, каков што е на пример случајот и со ова атрактивно издание во кое носи преубава креација составена од свилено здолниште со асиметричен крој и преубав горен дел, додека целата комбинација ја зачини со преубави сандали со ременче околу зглобот и високи потпетици во слична нијанса со фустанот.
Но, она со што најмногу не воодушеви е нејзината чанта со потписот од Луј Витон. Имено вакви модели на официјалната страна на брендот можат да достигнат цена и до неколку илјади долари, а не се евтини и кога се на попуст.
Па, што велите за ова издание на Елена?
Фото: Фејсбук/ Елена Велевска