Вие сте премногу емотивна личност и не секој може да се справи со вас. Затоа, дефинитивно не треба да се впуштате во врска со некој Стрелец. Дивите и слободоумни претставници на овој знак ќе влетаат во вашиот живот исто како торнадо, а мора да признаете дека понекогаш токму тоа ви е потребно за да испаднете од таа ваша зона на удобност.
Но, вие не сте создадени за да живеете таков живот, затоа што со Стрелците ќе искусите екстремни потешкотии. Лудиот распоред, патувањата и авантурите кои ќе ви ги пружат Стрелците, ќе го наруши вашиот мир и вашата визија за стабилен живот.
Кога нешто ве мачи, Стрелците ќе ви зборуваат шеги и нема да разбираат зошто одредени работи вам ви се толку важни, како на пример, состанувањето со семејството.
Воопшто не ни започнувајте врска со личности родени во овој хороскопски знак, зашто дефинитивно разделувањето ќе го поднесете болно.