Хороскоп од 09.04 – 15.04.2018 година!
ОВЕН (21 март – 20 април)
Работа
Во почетокот на оваа недела ќе имате повеќе енергија од кога и да било, а исто така и самодовербата ќе ви биде на задоволително ниво. Обрнете внимание на односите со некои странци и послушајте совет од една Вага.
Љубов
Можно е ново познанство со некој Овен или Лав. Партнерот ќе се обиде да ви даде до знаење дека тој е „главниот“, но вие ќе се обидите да воспоставите рамнотежа.
Здравје
Можни се проблеми со дишните органи.
БИК (21 април – 20 мај)
Работа
Доколку се занимавате со уметност, внимавајте на некои договори и на вашите наредни чекори. Избегнувајте непотребни трошоци или задолжување со кредити, барем оваа недела.
Љубов
Оваа недела очекувајте повик за излегување од личност која живее во друг град. Оние кои се во врска може да имаат повремени расправии со партнерот, па затоа, обидете се да бидете разумни и да не избрзувате со своите заклучоци.
Здравје
Променете го начинот на исхрана.
БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)
Работа
Оваа недела ќе бидете спремни да се соочите со нови предизвикци, особено ако вашата работа подразбира чести патувања. Избегнувајте ризични финансиски трансакции и запаметете дека понекогаш е добро да ги сослушате и другите.
Љубов
На едно вечерно излегување ве очекува интересна средба со некој огнен знак. Вашиот брз јазик може да ви создаде проблеми со партнерот, па затоа, научете мирно да поразговарате за она што ве мачи, особено ако сте во долга врска.
Здравје
Чувајте се од спортски повреди.
Премини на следната страна >>