Реклама
MAMAКафе муабет

Неколку корисни совети за готвење кои вашата мајка најверојатно заборавила да ви ги каже

Реклама

Повторувањето е мајка на знаењето, а тоа ќе ви биде од голема корист доколку сакате да ги усовршите вашите кулинарски вештини. Во таа намера ќе ви помогнат и овие неколку готварски трикови.

1. Држете го кромидот во фрижидер: полесно ќе го исечкате и помалку ќе ви солзат очите.

Маркетинг

2. Маслото за готвење додајте го во претходно загреана тава, па така спречете го лепењето на намирниците за дното.

3. За приготвување на десерт ви е потребна само половина јаболка? Тогаш другата половина напрскајте ја со сок од лимон, така што ќе го спречите нејзиното потемнување.

Маркетинг

4. Намачкајте го заледеното месо со малку оцет, при што ќе го забрзате процесот на одмрзнување, но и ќе го омекнете месото пред термичката обработка.

5. Домашниот сладолед побрзо ќе се заледи во алуминиумски сад.

6. Во супата ви се истури премногу сол? Во садот ставете малку компир и оставет да се вари додека не ја „впие“ вишокот сол.

7. Полесно ќе ја размачкате глазурата на тортата ако претходно ножот го натопите во топла вода.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button