Лавовите сметаат дека сите пари треба да им служат за да им дадат удобност, уживање и луксуз.
Тие сакаат убави и богати работи и секогаш настојуваат да бидат на добра работна позиција каде што ќе може да заработуваат многу. Тие секогаш се расположени за ризични работи, секако, ако тоа е во нивен прилог.
Кога губат се особено лоши, а честопати добар дел од финансиските средства трошат во коцкарници и луксузни ресторани. Во суштина, Лавовите се вешти коцкари, но по одредено време во игра влегува и нивното големо его, па ги носи во лоши деловни потфати.
Сепак, Лавовите некако успеваат да заработат пари, затоа што особено уживаат додека ги трошат. Управувањето со финансиите е дел од нивниот релаксирачки живот, па затоа сакаат и такви партнери до нив. Ако западнат во долгови, многу вешто ќе се извлечат од нив, макар и во последен час.
Лавовите се премногу горди за да позајмуваат од своите пријатели, освен ако не го допрат самото дно. Нивниот таен рецепт за успех е дарежливоста. Тие се во состојба на другите да им го позајмат дури и последниот денар, па потоа повторно бараат начин за нови заработки.
Нивното мото е: Парите треба да се трошат, за повторно да бидат заработени!