Меган изгледа беспрекорно дури и кога не се обидува премногу
Убавата поранешна актерка и овој пат изгледаше беспрекорно, блескајќи во сиот свој сјај и покрај тоа што беше облечена во едноставно, спортско издание. Имено таа за средбата со војните ветерани носеше едноставни црни фармерки со трапез крој и со потписот на брендот „Mother Denim“ (кои секако дека се распродадоа во рекордно време).
Покрај фармерките кои и стоеја одлично, идната војвотка носеше службена, црна поло маица од „Invictus Games“ натпреварот на кој беше присутна, а преку маицата – маслинест мантил со потписот на модната куќа „Babaton by Aritzia“ (кој исто така се распродаде со брзина на светлината).
Целата комбинација ја зачини со чизми со високи потпетици со потписот на „Sarah Flint“ и децентен златен накит.