Оваа комбинација ги изненади сите
Гвен Стефани (48) важи за жена која не се плаши да експериментира со модата, а дека тоа е така покажува и нејзината последна комбинација со која се појави во црква за католичкиот Велигден. Во прашање е сексапилно издание за кое многумина сметаат дека е неприкладно за на миса, а светските медиуми забележаа дека изгледа феноменално и неколку години помладо, но и дека дефинитивно претерала со изборот на парчињата.
Главен проблем е во должината на цветниот фустан, неговото секси деколте, како и во мрежестите хулахопки кои изгледаат потполно неприкладно.
Но ако ја погледнете девојката што стои веднаш до семејството на Гвен, од левата страна, најверојатно ќе дојдете до заклучок дека во Америка не важат истите правила како и во Македонија.
Што мислите вие?