Едноставно, дозволено ви е да јадете што сакате, но само доколку јадете осум часа во текот на денот. На прв поглед може да ви изгледа многу едноставно, но не е баш така. Постојат некои правила до кои мора строго да се придржувате, со цел да бидат видливи резултатите. Најпрво, потребно е да јадете само осум часа во денот, а останатите 16 дозволено ви е да пиете само вода или билни чаеви, како и лимонада без шеќер.
Експертите советуваат тие осум часа да бидат во временски период од 9 до 17 часот, доколку е возможно, зашто на овој начин ќе постигнете најдобар резултат. Но, сите знаеме дека забрзаниот начин на живот не ни го дозволува ова, па затоа, можете да менувате како вам ви одговара.
Исто така треба да внимавате временскиот период помеѓу главните оброци да не биде помал од четири часа. Она што е лесно при оваа диета е што можете да јадете што сакате, но сепак, не треба да претерувате со нездрава храна.