Дали Емина ќе му даде уште една шанса на Мустафа – сите детали од помирувањето на познатиот пар
Познатата пејачка која неодамна објави дека се разведува сериозно размислува да му даде уште една шанса на нејзиниот сопруг.
Тоа може да се заклучи и од нејзините последни објави на социјалните мрежи преку кои меѓу другото јавноста дозна и дека заедно со Мустафа го следеле фудбалскиот натпревар во кој играше нивниот син. Според медиумите во Турција и соседството Емина и Мустафа токму поради децата решиле да ги заборават своите несогласувања.
https://www.instagram.com/p/BhCmyJlHpFl/?taken-by=yaemina
Во контекст на тоа зборува и тоа што Емина која по разводот не сакаше да зборува за Мустафа, неодамна на социјалните мрежи објави реченица која е многумина протолкуваа дека се однесува за нејзиниот поранешен сопруг.
https://www.instagram.com/p/BfNBs-Rn1wU/?taken-by=yaemina
Имено, познатата поп-пејачка напиша една реченица од писателот Пауло Коељо, „Ако се уште размислуваш за тоа, тогаш вреди да ризикуваш“ со која само го потврди тоа што го пренесуваат и медиумите, односно дека во последно време се почесто размислува за смирување со Мустафа.
Инаку, Емина и Мустафа на лудиот камен застанаа пред десет години. Според оние што го познаваат парот, а како што пренесуваат медиумите од Турција, нивната љубов била толку голема што ни по разводот не згаснала, па така сега и двајцата токму заради љубовта, но пред се и заради нивните деца, се обидуваат да ги решат проблемите и да заборават на меѓусебните несогласувања. Или барем да останат засекогаш во добри односи…