Кортни го запали Инстаграм со фотографија на која позира разголена во прегратки со своето момче
Повеќе од 3 и пол милиони обожаватели ја лајкуваа оваа фотографија на Кортни Кардашијан за помалку од 24 часа
Кортни објави жешка фотографија на која позира во долна облека од во скутот на нејзиното момче, алжирскиот манекен Јунс Бенџим кој е 15 години помлад од неа. Фотографијата беше објавена во петокот, а на неа Кортни позира во провокативно издание облечена само во градник и гаќички со препознатливото лого на „Calvin Klein“ кои се гледаа под откопчаните фармерки.
https://www.instagram.com/p/BWKN601l3pl/?utm_source=ig_embed
Мајката на три деца – Mасон, Пенелопе и Реиген – кои ги има со поранешниот сопруг Скот Дисик, заедно со останатите сестри од кланот Кардашијан-Џенер е заштитно лице на долната облека од овој познат бренд, но и на фармерките што ги носи на оваа фотографија.
https://www.instagram.com/p/BWJasdfHZEh/?utm_source=ig_embed
Кортни и Бенџим се во врка повеќе од една година, а по се изгледа дека со новиот партнер максимално ужива, за разлика од кога беше во врска со таткото на нејзините деца поради неговите проблеми со алкохолот.