Овие домашни лекови можат да ви помогнат да се ослободите од упорната кашлица.
Кашлицата е еден од најчестите здравствени проблеми, а причините за неа може да бидат различни. Може да укажува на болест, но може и да значи дека телото се обидува да ги исчисти дишните патишта. Кашлица, исто така, се јавува кога вирусите и бактериите ги надразнуваат нервните завршетоци во респираторниот тракт. кашлицата исто така може да биде предизвикана од пушењето, како и од бронхитис или надразнувачи од околината.
Кашлицата може да биде прилично исцрпувачка и затоа треба да се лекува. Овде можат многу да ви помогнат испробаните природни рецепти кои се покажале како прилично ефикасни. Се користат познати и лесно достапни состојки како мед, ѓумбир, лимон, црвен кромид, лута пиперка и сл.
Лут сируп против кашлица
Овој сируп во голема мера ќе ја ублажи кашлицата. Главна состојка е ѓумбирот, кој има антиоксидантни и антивирусни својства. Потребните состојки за подготовка на овој лек се: 3 парчиња свеж изрендан ѓумбир; 1 ситно сечкан црвен кромид; 4 лажички квалитетен мед. Ставете го медот во соодветен сад и додадете го кромидот и ѓумбирот. Измешајте ги убаво сите состојки за да се добие хомогена смеса и оставете ја да стои преку ноќ. Следното утро извадете ги состојките од медот, иако не е грешка и да ги оставите, во зависност од вашата желба. Се употребува по една лажичка, пет до шест пати во текот на денот. За многу кратко време ќе почувствувате подобрување.
Чај од ѓумбир
Ѓумбирот е познат природен лек за кашлица што ја ублажува и лекува кашлицата и помага за прочистување на дишните патишта благодарение на неговите антихистамински дејства. За подготовката на чајот за кашлица потребно ви е: 1 лажичка мед; 2 лажици свеж сок од лимон; 12 резниња свеж ѓумбир. Ставете ги парчињата ѓумбир и 6 dcl вода во соодветен сад и ставете го садот на тивок оган, водејќи сметка водата да не зоврие. По десет минути варење прецедете го чајот и додадете една голема лажица мед и две лажици свеж сок од лимон. По желба може да се додаде уште вода и мед. Во текот на денот треба да испиете неколку чаши од овој моќен пијалак.
Сируп против кашлица со мед и лимон
Овој сируп се подготовува многу лесно, а се покажал како многу ефикасен. Познато е дека медот одлично средство против кашлица, настинки и грип поради неговите антивоспалителни и антибактериски состојки. Медот и лимонот се одлична комбинација која го зајакнува имунитетот и го снабдува организмот со витамин Ц. За подготовката на овој природен лек потребно ви е: 150 ml мед; 50 ml свежо исцеден сок од лимон; 50 ml кокосово масло или маслиново масло, по желба. Сите состојки прво убаво се мешаат за да се соединат. Смесата се загрева до умерена топлина, додека не зоврие, а потоа се става во стерилно шише. Сирупот се чува во фрижидер, најмногу до три недели, а се зема по една лажица два до три пати во текот на денот. Лекот може да се користи се додека кашлицата целосно не исчезне.
Сируп за тешка и упорна кашлица
За подготовката на овој ефикасен сируп ќе ви бидат потребни следните состојки: 1 стапче цимет; 2 гранчиња мајчина душичка; 150 ml мед; 50 ml свежо исцеден сок од лимон; 50 ml кокосово масло; 1 исечкана лута пиперка; 1 чешне истолчен лук; 1 ситно исечкан помал кромид.
Циметот, мајчината душичка, лукот, лутата пиперка и кромидот се ставаат во сад и се преливаат со медот и маслото. Садот се става на оган и се загрева, со постојано мешање, се додека смесата не зоврие. Потоа се трга од огнот и се остава на собна температура да се излади.
Изладената смеса се процедува и добиената смеса се враќа назад во тавата и се додава сок од лимон. Сирупот треба да се чува во убаво затворени стерилни шишиња на ладно место, по можност во фрижидер. Треба да се искористи за најмногу 3 недели. Се зема по 1 лажица три до четири пати на ден.
Кромид и мед како лек за кашлица
Комбинацијата од мед и и кромид се користела уште од дамнешни времиња во борбата против постојаната и иритирачка кашлица. Се зема една поголема главица кромид, се сечка на ситно и се става во соодветен сад. Се прелива со три лажици мед и се остава да отстои неколку часа. Кога ќе забележите дека се појавил сок како резултат на комбинацијата на овие две намирници, смесата се прецедува и добиениот пијалок се пие по една кафена лажичка сируп на ден. . Ако сирупот е наменет за деца, најдобро е да се прави со мед, сок од лимон и мала количина шеќер во прав. Сирупот има пријатен мирис и вкус и децата радо го пијат.
Извор: cajeviza.com