Реклама
Холивуд

Необично издание на познатата модна икона за кое сите зборуваат

Реклама

Познатата американска модна икона во уште едно фантастично модно издание

Познатата трендсетерка Оливија Палермо има стил кој претставува модна инспирација на многу жени од целиот свет. Покрај кокетирањето со дизајнерските модели и парчиња од хај-стрит брендови светска слава стекна и со успешно спојување на модели кои на прв поглед изгледаат неспоиво. Па така деновиве низ Њујорк познатата трендсетерка се прошета во едноставно издание создадено од тесни скинати фармерки и лакирани црни чизми до глужд од Диор, а целата комбинација ја подигна со откачен „оверзајз“ елек во три бои.

Маркетинг

Станува збор за модел од италијанскиот дизајнер Брунело Кучинели зачинет со раскошни пердуви на ракавите, а под него носеше луксузна крзнена јакна од брендот „Cara Mila“ со кој создаде ефект на единствен модел на бунда.

Маркетинг

Во продолжение погледнете уште неколку нејзини комбинации со интересни бунди.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button