Доколку сте една од тие личности кои водат сметка што јадат, тогаш во продолжение погледнете го овој прекрасен рецепт за посна витаминска пица, чии главни состојки се разновидниот зеленчук и тетото.
Потребни состојки:
Маркетинг
- 200 милилитри млака вода
- малку масло
- еден квасец
- сол
- брашно
- праз
- 1 домат
- 1 пиперка
- 200 грама шампињони
- оригано
- кечап
- малку посен кашкавал
Начин на подготовка:
Замесете го тестото од вода, сол, квасец, масло и брашно, па оставете го малку да нарасне. На масло испржете го празот сечен на мали кругчиња, па додајте ги пиперките и шампињоните. Може да додадете и лута феферонка, по ваша желба. Направете што потенко тесто, па одозгора најпрво ставете кечап, па распоредете ги останатите состојки. Печете на 200 степени, 15-20 минути.
Уживајте!
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .