Веќе и врапчињата на гранките знаат дека оваа сезона покрај класичните модели во мода се и фармерките со по малку необичен крој.
Тоа можеме да го видиме како од полиците на најпознатите брендови така и од профилите на модните блогерки. Меѓу нив се и фармерките кои се направени од комбинации на повеќе бои, а Зорана Јовановиќ (Zorannah) е една од првите девојки во регионот што „фураше“ ваков модел.
https://www.instagram.com/p/BgrHCCnB0cu/?taken-by=zorannah
Предноста на овој модел е што можете лесно да го комбинирате впрочем како и сите други фармерки, но даваат потполно модерен призвук на секоја ваша комбинација што со обичните модели не можете да го постигнете. Можете да ги носите со сакоа и кошула со карнери како што тоа го направи српската модна блогерка, но и со обична тренди маица и кожена јакна во комбинација со патики или високи потпетици.
https://www.instagram.com/p/Bf8mD3ehAXT/?taken-by=zorannah
Погледнете уште неколку модели на фармерки што ги „фура“ една од најпознатите блогерки во регионот …
https://www.instagram.com/p/Be7xNwlhXDy/?taken-by=zorannah