Од Ева Заева, до Елена Велевска и Тамара Тодевска – ова е еден од најпопуларните трендови во Македонија
Панталоните кои потсетуваат на тренерки, па и обратно, не се никаква новост во светот на модата
Тие веќе неколку сезони се вистински хит и ги носат најпознатите трендетерки и ИТ девојки, а оваа пролет се враќаат на голема врата. Тоа можеме да го забележиме и од полиците на познатите хај-стрит брендови каде ќе најдете одлични верзии на вакви парчиња кои ги прославија познатите дизајнерски брендови.
https://www.instagram.com/p/BgQ7vIVAWaQ/?utm_source=ig_embed
И Северина го обожава овој тренд
Најчесто станува збор за широк модел кој е максимално опуштен и пријатен за носење, па токму затоа и жените од целиот свет го обожаваат.
Ким Кардашијан во тренерки и високи потпетици
Што се однесува до материјалите од кои се направени овие панталони тоа најлесто се материјали од кои прд неколку децении се правени тренерките. Тоа најчсто се материјали со сјајна текстура, како и оние од неопрен, така пто изборот навистина е голем, па можете да изберете слободно она што најмногу ви одговара вам. Можете да ги носите со обувки во боја (патики, сандали па дури и чизмички со високи потпетици) во коминација со кожна јана, капут, тренди блуза или кроп топ во топлите денови што следуваат.
https://www.instagram.com/p/BgHezdjAuP7/?taken-by=tamaratodevska
Тамара Тодевска во панталони-тренерки и кратка маица
Покрај ваквите панталони – тренерки голем хит е и носење на комплет тренерки и тоа во комбинација со високи потептици како што тоа неодамна го направи пејачката Елена Велевска, како и кожните хеланки со странични ленти какви пред неколку месеци фураше Ева Заева.
https://www.instagram.com/p/BZCMrM8H_C8/?taken-by=evazaeva
Па, што мислите за овој тренд?