Неверојатна трансформација на Меланија Трамп – од тинејџерка со просечна убавина и разголени едиторијали во прегратки со девојки, до Прва дама на Америка
Нејзиниот живот е вистинска филмска приказна
Меланија Трамп од девојка во едно мало гратче во Словенија стигна до функцијата Прва дама во Америка. Таа одлично се снаоѓа во нејзината улога, а нејзиниот беспрекорен стил и шарм ги освојува дури и најтврдокорните противници и неистомисленици на нејзиниот сопруг.
Меланија пред да се омажи за Трамп беше манекенка. Во модниот свет ќе заплови на само 16 години кога и настануваат нејзините први професионални фотографии. Таа на нив изгледа речиси непрепознатливо, а низ медиумите не ретко се шушка дека има направено неколку пластични операции иако таа секогаш ги демантира ваквите гласини.
Познато е дека во нејзината кариера има снимено и провокативни и разголени фотографии, но како што можеме да видиме тоа не и пречеше да се искачи до самиот врв.
Па, дали ви се допаѓа стилот на оваа жена?