Конечно се знае кој ќе ја дизајнирана венчаницата на Меган Маркл од чија цена ќе ви застане здивот
Дамите од целиот свет будно чекаат да видат каков фустан ќе носи Меган Маркл на денот кога и официјално.
Според британскиот портал „Дејли Мејл“ поранешната актерка ќе носи невестински фустан со потпис на познатиот бренд „Ralph & Russo“. Таа фустанот ќе го плати од својот сопствен џеб и покрај тоа што цената е превисока. Имено идната принцеза за невестинскиот фустан ќе потроши од 30 до 320 илјади фунти и истиот ќе мора да го плати сама бидејќи дворецот ќе ги финансира сите нејзини потреби откако со принцот Хари ќе го кажат своето судбоносно „ДА“.
Таа фустан со нивен потпис носеше и на официјалните фотографии од свршувачката, а за тој полу-проѕирен фустан тогаш мораше да издвои 56 илјади фунти. Но и покрај тоа што се знае кој бренд го избра Меган, ќе мора да се стрпиме додека да го облече, односно 19 мај, кога ќе можеме да видиме каков дизајн ќе избере познатиот британски бренд.