Ова за многумина еден од најгрдите трендови, а Боки 13 и Лила Филиповска го обожаваат
Овие обувки можеби не ви се допаѓаат, но тие се вистински хит.
Папучите ќе бидат хит и оваа сезона, а тоа можеме да во видиме од бројни познати девојки кои постојано објавуваат фотографии на Инстаграм на кои можеме да видиме како го „фураат“ овој тренд. Меѓу нив е и пејачката Северина која многу често носи модели кои можеби на многумина нема да им се допаднат, но кои дефинитивно и стојат одлично. Таа неодамна на Инстаграм објави фотографија на која позира во папучи кои беа популарни во 90-тите.
Станува збор за модел кој е совршен спој на мокасини и папучи, со потписот на познатиот моден бренд „Гучи“. Пејачката моделот кој многумина не би го носеле ни по дома го носеше во комбинација со бел широк фустан со интересни детали и нејзината долга, пуштена коса.
https://www.instagram.com/p/BUPWjBbgUiT/?taken-by=lilafilipovska
Инаку, овој тренд беше популарен и минатата пролетна сезона, а меѓу првите кои го „фураа“ кај нас беа Лила Филиповска и Бојан Јовановски.
Од она што можевме да го видиме досега, повеќе од сигурни сме дека Лила и Боки ќе го „фураат“ овој тренд и оваа пролетна сезона.
https://www.instagram.com/p/BS3b1LGg64K/?taken-by=lilafilipovska
Што мислите вие за овој тренд?