Не мора да ги броите калориите и да јадете минијатурни порции, за да ги намалите вишокот килограми. За почеток треба да го намалите внесувањето на шеќњеот и да се опуштите, па резултатите брзо ќе ве изненадат. Еве кои совети можете да ги примените без многу проблеми.
Консумирајте кафеав ориз, наместо бел
Оризот е одлична намирница за оние кои немаат премногу време за готвење, а не сакаат да јадат брза храна. Добрата вест е дека не мора да се откажете од оваа храна, туку едноставно искористете ја нејзината поздрава варијанта.
Не заборавајте на смрзнатото овошје
Кога следниот пат ќе отидете да пазарувате, во свежото овошје додајте го и смрзнатото. Тоа ќе трае подолго и ќе ви послужи како одличен спас во сите оние утра кога брзате. Со нив можете да подготвите и здраво смути кое ќе ве исполни со енергија.
Купувајте салати кои едноставно се припремуваат
Добро познато е дека салатите може да бидат одличен оброк. Но, нивната подготовка често може да бара повеќе време отколку што имаме. Затоа, изберете нешто што брзо се подготвува, а сепак ќе биде здрав оброк.
Имајте залихи на готови јадења
Не, не се мисли на готовите јадења од продавница кои се полни со конзерванси, туку на оброци кои се подготвени дома, а кои може да се чуваат и по неколку денови. Многу е едноставно: Направете поголема количина од некое јадење, па ќе имате готов ручек во наредните неколку дена.