Холивудската епидемија со разводи што се случува во последно време полека но сигурно се пренесува и на нашата почва.
И додека во Турција приказната во главно се одвива дека Емина е виновна за разводот, дека преминала да живее во Нови Пазар и дека во новата куќа вложила големи пари, во балканските медиуми се појавуваат разно-разни извори кои наводно се блиски до пејачката и кои откриваат дека причината за нивната драма лежи во нејзиниот поранешен сопруг. Емина, видно емотивна поради целата ситуација, а најмногу по многубројните шпекулации што се појавуваат во медиумите, преку „Инстаграм стори“ за прв пат се обрати јавно до обожавателите: „Драги мои сакани, сите фанови што ме сакате и поддржувате во овие тешки моменти, сакам да кажам дека сите шпекулации во врска со мене и моето доаѓање во Нови Пазар не се вистинити и не се точни.
https://www.instagram.com/p/BeGYRvhn8wO/?taken-by=yaemina
„Својот живот како и порано ќе го продолжам тука во Истанбул поради школување на своите деца и поради животот на кој сум навикната, а во Белград и Нови Пазар ќе одам исклучиво поради приватни и деловни работи.“
https://www.instagram.com/p/BfbHK3rnRCI/?taken-by=yaemina
„За жал не можам да ги сопрам сите овие шпекулации, сите лаги што се шират за мене, сето она што ги полни и продава весниците. Што се однесува до нашиот живот, ние гледаме поради нашите деца да помине се во најдобар можен ред и сé ќе биде како и порано. Ја користам оваа прилика да ве поздравам и да ви кажам дека ве сакам и дека за брзо време очекувајте уште две песни“, порача Емина.