Хороскоп од 19.03 – 26.03.2018 година!
ОВЕН (21 март – 20 април)
Работа
Оваа недела ќе добиете поголема енергија и повеќе желба за работа, па затоа ќе доживеете успех на професионален и финансиски план. Сепак, избегнувајте непотребни трошоци, и не потпишувајте нешто за што не сте сигурни.
Љубов
Во првиот период од оваа недела може да се сетите на некоја стара симпатија. Оние кои се во врска или брак треба да се обидат да најдат посоодветен начин на комуникација со нивниот партнер.
Здравје
Можни се главоболки.
БИК (21 април – 20 мај)
Работа
Доколку имате одредени рокови, бидете внимателни и особено одговорни. Доколку работите со недвижнини, исто така добро размислете пред да направите некој чекор. Во ваша корист е да избегнувате конфликти со соработниците.
Љубов
Во првата половина од оваа недела вашето внимание може да го привлече некоја зафатена личност. Доколку сте во врска или брак, вашиот партнер очекува да му посветите повеќе време. Некој Јарец мисли на вас.
Здравје
Чувајте се од респираторни инфекции.
БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)
Работа
Оваа недела ќе имате можност да напредувате во вашата работа и тоа преку контакти со странски соработници. Можно е промена на работното место или пак на функцијата. Бидете внимателни да не изгубите нешто важно.
Љубов
Чувајте се од кавги со партнерот и со членовите од семејството. Оние кои се слободни може да стапат во контакт со некоја стара личност која ќе им ги разбранува чувствата.
Здравје
Бидете внимателни во сообраќајот.
Премини на следната страна >>