Трендови

Овие фармерки сите ги сакаат, и не само затоа што во нив задникот изгледа најдобро

Advertisement

Не постои плакар во кој нема барем еден или два пара „Levi’s 501“, но дали ја знаете приказната што стои зад нив?

Advertisement

Приказната започнува во средината на 19 век кога Леви Штраус одлучува да замине за Калифорнија во потрага по среќа за време додека траеше златната треска во оваа земја. Благодарение на рударите кои постојано се жалеле на слабата издржливост на веќе постојните панталони Штраус дојде до идеја да создаде долговечен модел. Па така тој го создава првиот модел на кој ќе му го додаде бројот 501 и кој за многу брзо време ќе стане омилена униформа на каубоите, сточарите и рударите.

Потоа во 50-тите години од минатиот век моделот го прославуваат големите холивудски ѕвезди како Џејмс Дин во филмот „Бунтовник без причина“.

Advertisement

Неговото прифаќање на „работничките панталони“ тогаш стана симбол на младешкиот бунт. Слично на тоа и Марлон Брандо ги носеше во својот најпознат филм од младоста, па не требаше да помине многу да станат омилените панталони на мажите па и на жените од целиот свет.

Новата популарност на овие фармерки денес им ја носи бројните модни блогерки и влијателни модни уреднички кои своите омилени парчиња ги пронаоѓаат во „second hand “ продавници и специјализирани продавници за „винтиџ“ облека.

Левиските 501 подеднакво како и моделот 505 според Вог се најдобро чуваната тајна бидејќи во нив задникот изгледа најдобро, најголеми ѕвезди се во дневните изданија, а самиот бренд до ден-денес е неприкосновен кога станува збор за парчиња од овој популарен материјал.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button