ТрендовиХоливуд

Британките полудеа по фармерките што ги носеше Меган Маркл

Advertisement

Таа е секогаш беспрекорно дотерана и не требаше да помине многу за да стане вистинска модна инспирација, исто како и војвотката Кејт Мидлтон.

Advertisement

Меган Маргл која се прослави со улогата на Рејчел во серијата „Suits“ со својот женствен стил ги освои дамите од целиот свет. Што и да облече со брзина на светлината го снемува од продавниците, а тоа се случи и со тесните црни фармерки што неодамна ги носеше во Кардиф.

Имено, како што своевремено објави „Newsweek“ војвотката од Кембриџ индиректно секоја година и носи милијарда долари на британската модна индустрија, а по се изгледа дека и маркантната Американка за многу брзо време ќе ја достигне. Тоа многу добро го почувствува и брачниот пар кој стои зад брендот „Huit“ во чии фармерки се појави неодамна Меган и кои веднаш станаа хит во целиот свет.

Advertisement

https://www.instagram.com/p/BeF7lb3HURE/?utm_source=ig_embed

Дамите од целиот свет едноставно полудеа по црните фармерки од релативно непознатиот британски бренд така што малиот семеен бизнис мораше да се пресели во поголем простор за да успее да ги испорача сите нарачки.

Оние што сакаат да ги добијат треба да чекаат и до три месеци, а дневно се продаваат и до 150 парчиња. Цената на овие фармерки е 230 фунти, а како што велат Дејвид (53) и неговата сопруга Клара (49) интернет продавницата едноставно им полудела откако медиумите ја објавиле првите фотографии на Меган во нивните фармерки.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button