Познатата актерка ја пронајде својата нова љубов?
Се погласно се шушка дека Анџелина фрлила око на десет години помладиот актер Гарет Хедлунд. Имено извори блиски до нив велат дека Џоли и Гарет веќе некое време разменуваат е-маилови и дека планираат да излезат на вечера. Герет четири години беше во врска со Кирстен Данст, а интересно е што неговата прва улога беше во филмот „Троја“ од 2004 година во кој глумеше рамо до рамо со Бред Пит.
https://www.instagram.com/p/zcqquZCLRL/?taken-by=thegarretthedlund
Според странските медиуми, Анџелина и Герет првите симпатии ги почувствувале уште за време на снимање на филмот „Unbroken“ во 2014. Тогаш 42-годишната Енџи уживаше во неговата појава бидејќи многу ја потсетуваше на Бред Пит. Што ќе се случи со нив на крај и дали станува збор за нова голема љубов на познатата актерка која би можела и да потрае, ќе покаже времето.