Во бикини и без комплекси – познатиот плус-сајз модел ги покажа стриите и целулитот на плажа
Познатата плус-сајз убавица се соблече во бикини
Најпознатата плус-сајз убавица на светот, 30 годишната Ешли Грејем деновиве е во Мајами каде температурите веќе дозволуваат да се соблече во минијатурни бикини и да ужива во морето. Ешли токму тоа и го направи за потребите за снимање на новата кампања за нејзината линија костими за капење што ја осмисли за брендот „Swimsuits for All“.
И додека сите чекаме да излезе новиот каталог, фотографиите направени од папараците го заокружија светот. Тие се без Фотошоп и на нив можеме да ја видиме познатата манекенка од секој агол, онака како што изгледа природно, со сите свои недостатоци што ги мачат и сите останати жени.
Имено, Ешли без комплекси го покажува својот вишок килограми, но и целулитот и стриите ширејќи ги ставот дека секоја жена е убава без разлика на бројот на килограмите и дали има или нема кора од портокал.
И токму затоа е и популарна!