Жената Близнаци е навистина фантастична, забавна, друштвена, магична и провокативна. Таа не ги слуша туѓите провокации, не е импулсивна и не се интересира премногу за интимниот живот на другите. Непредвидлива и лесно може да се претвори во нешто со што ќе ве изненади.
Од потенцијалниот партнер бара ментална компатибилност, затоа што таа не дозволува некој кој има само физичка привлечност да допре до нејзиното срце, туку повеќе бара интелектуален предизвик. Таа изгледа најмладо од сите жени во Зодијакот.
Интелекно љубопитна, комуникативна, духовите, брилијантна – жената родена во знакот Близнаци е прилично модерна личност. Таа знае да се прилагоди на сечиј карактер, па тоа најчесто ѝ носи големи придобивки во љубовта. Промената е многу важна за нејзниот живот и за нејзиниот психички развој.
Таа е подготвена да ги употреби сите „женски оружја“, својот шарм и својата привлечност, со цел да го добие она што го сака.
Со неа, секој нов ден е како нов живот. Таа во другите го буди разиграното дете, а партнерот со неа се чувствува освежено и младо, па се прашува со што заслужил толкава среќа. Кај оваа жена не постојат банални работи, затоа што таа на сите им дава смисла. И да… полна е со изненадувања! Кога се најмрзливи и кога ви е најдосадно, таа ќе ве изненаде со карта за некој концерт или важен спортски натпревар!