Не, таа нема да ја носи венчаницата на Лепа Брена: Еве како ќе изгледа невестинскиот фустан на Александра Пријовиќ
Александра и Филип ќе се венчаат на 21 јун.
Пејачката Александра Пријовиќ ја избра венчаницата која што ќе ја сошие дизајнерката Тијана Тодоровиќ, а материјалот веќе е порачан од Италија. Како што пренесува Блиц нејзиниот фустан ќе потсетува на принцезите од бајките, а истиот ќе го сошие дизајнерката која инаку е блиска пријателка со пејачката. Таа не сакала нејзиниот фустан да го направи странски дизајнер, туку домашен, па затоа и се определила за пријателката на која и верува потполно.
„Сакам мојата венчаница да биде долга, елегантна, но и модерна во исто време. Секако дека ќе имам уште еден фустан во кој ќе се пресоблечам во еден момент, бидејќи сакам да се чувствувам удобно“, вели Александра за Блиц.
Инаку српските медиуми претходната недела пишуваа дека Александра ќе го носи фустанот од Кристијан Диор што го носеше и Лепа Брена на нејзината свадба, но оваа информација досега никој ја нема потврдено.