Таа е најпознатата Македонка – погледнете како изгледа во црни високи чизми над колена
Да, сигурни сме дека веќе знаете за кого станува збор
Водителката Лила Филиповска важи за една од најпознатите дами во Македонија. Нејзиното квиз-шоу „Сé или нешто“ е една од најгледаните емисии во државава, а позната е и на социјалните мрежи каде само на Инстаграм има преку 100 илјади обожаватели.
https://www.instagram.com/p/BgJ2LcjAtr1/?taken-by=lilafilipovska
Таа на својот профил редовно споделува фотографии на кои можеме да ја видиме во најразлични модни изданија. Од оние кои ги „фура“ на некои специјални пригоди, па се до опуштени секојдневни комбинации со кои се шета низ улиците на нашиот главен град. Таа изгледа женствено и елегантно, но и провокативно и секси, а тоа можеме да го видиме и од една од нејзините последни фотографии на кои позира во мал црн фустан со асиметрично здолниште, тренди кожена јакна и црни високи чизми над колена.
Па, дали ви се допаѓа Лила во ова издание?