Тренерки и високи потпетици? Погледнете како нашата пејачка го носи омилениот тренд на Ријана и Ким Кардашијан
Вака ја немаме видено досега – Елена Велевска се појави во тренерки и високи потпетици!
Прашање беше само на време кога и нашите девојки ќе почнат да го „фураат“ трендот кој го прославија познатите манекенки и старлетата Ким Кардашијан, а го обожаваат и многу познати трендсетерки од целиот свет. Во прашање се тренерки но во комбинација со класични женски парчиња како што се високи потпетици и „кроп топови“, а одлична комбинација можевме да видиме како носи и нашата фолк-пејачка Елена Велевска. Таа на социјалните мрежи објави фотографија на која позира во црвени тренерки со потписот на познатиот италијански дизајнерски бренд „Dolce & Gabanna“ кои ги носеше со црни високи потпетици и нејзиното веќе препознатливо високо подигнато коњско опавче.
Ким Кардашијан беше меѓу првите што го фураше овој тренд
На трендот не можеше да му одолее ни Ријана
Па што велите за ова издание на Елена Велевска?