Кајли Џенер има неверојатен плакар со дизајнерски чанти кој вреди преку 1 милион долари
Таа се посвети на мајчинството откако ја роди малата Сторми
Но тоа не ја спречи познатата риалити ѕвезда да објави фотографија на социјалните мрежи и да побара помош од обожавателите. Имено најмалата од сестрите Кардашијан-Џенер се фотографираше во нејзиниот плакар со дизајнерски чанти кој се проценува дека вреди неверојатни 1 милион долари, а од обожавателите побара да и помогнат да избере чанта. Кајли има преку 95 милиони следбеници на Инстаграм и е меѓу првите 10 најпознати луѓе на оваа социјална мрежа. Нејзината нето вредност денес според Форбс се проценува некаде околу 50 милиони долари.
Таа е рангирана на 59-тото место што значи дека заработува повеќе од Џенифер Лопез и Новак Ѓоковиќ, но многу помалку од нејзината сестра Ким Кардашијан.