Реклама
FashionМодни совети

4 ситуации кога слободно можете да излезете без градник

Реклама

Вистинска среќа е кога после напорниот работен ден ќе се вратите дома и ќе го соблечете градникот. Се сложувате ли со нас? Градникот е потребен и ја зголемува вашата самодоверба, но постојат и ситуации кога слободно може да излезете без него, па да уживате не само кога ќе се вратите дома, туку во текот на целиот ден.

Тесна кожна јакна

Јакната која е залепена за вашето тело ќе им пружи доволно потпора на вашите гради, па поради нејзиниот материјал воопшто нема да се забележува дека не носите градник.

Облека за обликување на телото

Доколку носите облека за обликување на горниот дел на телото, избирајте таква која ги опфаќа и градите, па материјалот ќе ги држи градите на нивното место,

Маркетинг

Мајца со метални апликации во пределот на градите

Мајците со големи апликации ќе се носаат и оваа сезона, а доколку изберете таква која во пределот на градите има метални апликации, тогаш слободно можете да ја носите и без градник.

Боди

Искористете го неговото носење за да ги одморите вашите гради. Над него облечете лесна мајца или пролетна јакна и никој нема да забележи дека не носите градник.

Маркетинг

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button